Финалниот удар за Заев доаѓа на 24 април. СДСМ е заложник на соросовата групација. Внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Министрите од опозицијата се згрчени луѓе кои се под голем партиски притисок и ќе пробуваат со ниски удари да креираат случаи. Нема да дозволиме да се закочат проектите кои добија доверба од граѓаните. Имаме право да се одолжуваме на историските ликови, проектот Скопје 2014 финишира. Мерцедесот на МВР е за високи странски гости, возилото не го прави човекот и политиката. Отворени се над 140 000 работни места, следната година ќе има повторно зголемување на пензиите и социјалните надоместоци. Оние кои не нарекуваа земјоделска влада сега покажуваат лицемерие за земјоделците, ние даваме историски највисоки земјоделски субвенции. Полицајците во Куманово спасија многу животи, благодарни сме како држава, институции и како народ, почитта кон 8 херои мора да се одржува. Чекаме Спасовски да открие кој правеше манипулации со измислените случаи со личните карти. Нема да ја изневериме љубовта кон Татковината и нашиот народ, граѓаните може да се потрпат и да сметаат на нас, се дел од поентите кои премиерот Груевски ги изнесува во ова интервју.