Ги оставивме да интервенираат во Изборниот законик и партиите си изгласа, нормално без да не прашаат, цели 18 минути политички маркетинг во еден реален час! Страшно! Тоа значи дека покрај тие минути, ние имаме и 12 минути за нашите реклами и 5 минути за промо, и на крај ќе добиеме ваква ситуација – ако сакаме да емитуваме еден филм од 100 минути, тој со сите овие рекламни блокови ќе трае 4 часа или 240 минути! Токму поради ова нивно не знаење бараме да присуствуваме на нивните средби и да им објасниме зошто нивните досегашни идеи се катастрофални по нас и нашата работа. Ние ќе чекаме на некаква реакција уште малку, па потоа одиме по планот Б, вели Иван Мирчевски во интервјуто за Прес24.