„Опозицијата на чело со Зоран Заев и странски служби, нема да прифатат избори или ќе бараат перманентно пролонгирање, се додека не постигнат повисок рејтинг од позицијата, а тоа во догледно време тешко дека ќе се случи.“ Вака претседателот на ПОДЕМ, Живко Јанкулоски, во интервју за Прес24, ја анализира актуелната политичка состојба во државата во контекст на прочистувањето на избирачкиот список, уставниот суд и медиумите.