Екс претседателот на Државната изборна комисија, и поранешен генерален секретар на Собранието, Александар Новакоски смета дека изборниот процес треба да продолжи онаму каде што застана, а по договор на политичките лидери, во согласност со проценките на здравствените власти, да биде закажан термин за изборно соочување. Во интервју за Прес24, Новакоски вели дека ставот на актуелниот Претседател на ДИК за започнување на изборите одново не е заснован на ниту еден позитивен закон, ниту Устав , а ниту произлегува од Уредбите кои се донесени во време на вонредна состојба.