„Можеме повеќе“ значи дека ја поставивме државата на прав пат, поставивме темел и сега на тој темел ќе градиме цврста, побогата и посреќна држава, вели министерката за одбрана и носител на листата на СДСМ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска во интервју за Прес24, потенцирајќи дека слоганот на коалицијата значи дека мандатот кој го бараат е за продолжување на политиките кои значат подобра иднина на државата, почнати во 2017 година.