Политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ не смета дека светот е во алармантна состојба во поглед на безбедноста, бидејќи ниту една страна долж триаголникот Москва, Вашингтон, Пекинг не би се осмелила да влезе во воена конфронтација, особено не со неконвенционални оружја. Во интервју за Прес 24, вели дека едноставно политичкиот калкулус не е исплатлив за такво нешто.