Академскиот уметник и сликар, Марјан Камиловски, еден од авторите на дел од објектите на Скопје 2014, во интервју за Прес24 ги анализира вандализирањата на спомениците од страна на опозицијата. Вели дека навистина е непријатно за секој уметник кога ќе види дека неговото дело е сквернавено, а тој во него вложил многу труд и време. Сепак Камиловски вели дека сите овие случувања, кои се резултат на политика, можеби ќе значат и расчистување на многу работи, пред се во уметноста.