Нашите позиции се директно спротивставени. Јас го застапувам пристапот за растење на УКИМ до институција од висока категорија, што обично се мери со влегувањето во првите петстотини универзитети според релевантни светски сервиси за рангирање, преку негување на науката во главниот тек. Тоа јас го пројавувам со својот личен пример со над 50 труда во списанија со импакт фактор од подрачјето на фундаменталните науки и највисоките технологии, негувањето на тимската истражувачка работа како резултат на којашто моите докторанти обично докторираат со повеќе трудови во списанија со имапакт фактор отколку што се вообичаните бројки кај нас за избор во редовен професор, меѓународната соработка во којашто спаѓа и престој како поканет професор на еден од првите 50 универзитети на светот во физиката, поттикнувањето на научна дејност што го покажав и како министер кога издвојвауњата за наука беа на највисоко ниво од кога и да е, наспроти отпроите на тогашниот министере за финансии.