Во конкретниов случај не можеме да зборуваме за политики на Заев, бидејќи како што може јасно да се види, се работи за иницијативи на еден наш сосед кој по сите можни линии, со огромни инвестиции, влегува во авантура за сузбивање на македонската национална свест. Па оттука, Заев е само слеп извршител на таа валкана замисла на нарачателите, но бидете сигурни дека и нарачателите и Заев, заеднички го потцениле капацитетот на овој народ. Оваа разобличена политика ќе заврши неуспешно за нив, а Заев и неговите слепи поддржувачи ќе завршат на буништето на историјата - жигосании како национални предавници. Очигледно македонскиот народ и дел од граѓаните на Македонија тоа навремено го воочија и на овие избори повторно ќе го дадат гласот на политичката опција која во изминатиот период покажа и докажа дека е чувар на македонските национални интереси, вели Соколов во интервјуто за Прес24.