Доколку не се формира Владата агонијата за македонските граѓани и понатаму ќе се продлабочи што на долг рок ќе придонесе за влошувањето на и онака лошиот општествено-политички и особено битно, економски развој на Република Македонија. Ние не можеме да се споредуваме ниту со Белгија, ниту со Хрватска или со Словенија и од тие причини, колку поскоро ќе добиеме Влада, толку се поверојатни шансите дека ќе испливаме од ова сивило и неизвесност, вели Додовска во интервјуто за Преес24.