Се поголем е бројот на жени коишто се вклучуваат во хумани активности, кои се однесуваат на спознавањето и надминувањето на предизвиците од здравствен или социјален карактер. Сметам дека хуманоста, искреноста и самопожртвуваноста е втемелена во секого од нас, но понекогаш е потребен и поттик, потсетување, дека пред Бога сме сите еднакви. Токму затоа, ја користам оваа можност да им порачам на сите жени во Република Македонија, без разлика чии сопруги, мајки или ќерки се, дека никогаш не е доцна за една благородна мисија што може да промени нечиј живот, вели Маја Иванова во интервјуто за Прес24