Опасни се тие амбиции, на таков начин да се формира владата, без доверен мандат од претседателот Иванов. Ние не сме Словенија, и нивниот исклучок да го пресликаме кај нас како правило. Словенечката политичка култура и општествените односи во тој период, беа и се уште се далеку од нашиве достигнувања на тој план. Поготово што ние сме во фаза на актуелно дезавуиран политички систем, кога сите вредносни основи се поместени од демократската оска, кога се пореметени до крајност односите во политичкиот поредок и општеството се уште функционира по етнички енклави. Не смееме да дозволиме ниту капка крв да се пролее по ниту една цена, посебно не по цена да се преземе власта на таков начин. Разумот мора да надвладее, страстите да се смират, општеството да се релаксира со политика на искрени намери и политички одлуки кои се во интерес на сите граѓани на Македонија, но и на иднината на државата и нацијата, вели Ристовски во интервју за Прес24.