-Работата е затегната дотаму, што на крајот граѓаните ќе речат: ако не сакате вие, ние сакаме избори и ќе ги изнудиме, на овој или на оној начин: преку институциите или преку улицата. Тоа е демократија и за тоа не ќе можеме да им се лутиме, ниту ќе имаме сила да го спречиме. Затоа добро е што претставниците на граѓаните – пратениците во Собранието на Република Македонија одлучуваат да се споведат избори и да се стави крај на оваа агонија, вели членот на ГРОМ во извршната власт.