Насилните демонстрации од средата, скрнавењето на државни споменици, како Порта Македонија, спомен обележјето за децата бегалци од Егејска Македонија, нападите и вандализмот на приватни медиуми, професори и нивните кабинети, укажуваат дека за дел од учесниците во протестите не постојат граници на однесување. Ризикот е дека повтореното вакво однесување во комбинација во подбуцнување од неодговорни партиски лидери кои лицитираат со „украински сценарија„ и евентуална блиска средба со приврзаници на другата опција ќе не доведе до граѓански судир кој може да произведе спирала на насилство и да ја урниса државата втурнувајќи не сите во едно предполитичко битие каде секој на секого му е волк и може да си ја толкува вистината,правдата, законите и силата на свој начин. Како никогаш повеќе не ни е потребен еден консензус на елитите кој би се случил брзо и одлучно со заеднички решенија за кризата. Во отсуство на тој консензус народот ќе мора да постапи паметно, вели Даскаловски за Прес24.