Тој е сепак врховен командант, располага со информации од Агенцијата за разузнавање која е под негова ингеренција и сигурно знае зошто се одлучил на ваков чекор, некогаш државниот интерес е над се. Во секој случај ТМРО ја почитува неговата одлука и сметаме дека постои реална можност за Амнестија на сите затвореници во висина од 30% од казната, што би бил државнички потег, кон севкупното стабилизирање на состојбите во земјата. Амнестија да се потсетиме имавме и во 2011 за воени злосторства на припадниците на УЧК, но загрижени невладини организации немаше, ниту со една реакција, вели претседателот на ТМРО во интервјуто за Прес24.