Прогностичката служба на УХМР три дена по ред (3,4,5 и 6 Август) најавуваше временска нестабилност проследена со поројни врнежи, грмежи односно невреме кое ќе се случи на 6 Август во попладневните часови. Прашањето е колку е тоа акцентирано. Потребно е поголема сериозност и детално читање на временскиот билтен за Македонија од страна и на медиумите кој секојдневно се проследува до медиуми, до Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Владини институции, комунални претпријатија и други субјекти, вели во интервјуто за Прес24, Димитровски.