Македонија мора да ја развие својата туристичка и земјоделска индустрија. Македонија мора да продолжи со промотивните кампањи за да привлече повеќе туристи, инвеститори и студенти кои би студирале во Македонија поради пониските цени за живеење. Најголемиот проблем со кој се соочува Македонија е рапидниот егзодус на млади професионалци кои мигрираат во развиени економски земји како Германија и Скандинавските земји. На пример, Австрија не би можела да развие 20 годишен економски раст без миграциска политика која е поддржана од големите политички партии. Македонија мора да донесе миграциска политика за да го ребалансира таканаречениот излив на мозоци, вели во интервјуто за Прес24, професорот Терзиовски.