Заев не може многу да изгуби, но не може многу ни да добие. Не може многу да изгуби затоа што оние гласачи кои досега останале со СДСМ претставуваат тврдо јадро, и ваквите потези немаат капацитет да ги оттргнат. Истовремено, тој не може со ова ни многу да добие, можеби малку повеќе албански гласови одошто Стево Пендаровски, најмногу зашто едно поставување не значи автентична политика кон Албанците, за тоа се потребни многу посериозни напори, програма, платформа, вели Арсовски за Прес24.