Да бидам искрена мислев дека со самото доаѓање во Собранието, обвинителката го променила својот став за нелегитимноста на пратениците и институциите на Државата. За жал како што самата кажа нејзиниот став останал непроменет, а дека е така потврди и со нејзиното манифестирање на ароганција кон одредени пратеници, при што наместо да одговара за нејзината работа опфатена во извештајот, таа претпочиташе да поставува прашања“. Вака пратеничката Роза Топузова Каревска во интервју за „Прес24“ го анализира собранискиот настап на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.